|
Article in other languages:
|
Настани
- 9 јануари - Махмуд Абас е избран за претседател на Палестинската самоуправа
- 10 февруари - Северна Кореја објавува дека поседува нуклеарно оружје како заштита против евентуално непријателство од страна на САД.
- 16 февруари - Протоколот од Кјото стапува во сила, без поддршка на САД и Австралија.
- 20 февруари - Шпанија е првата земја што гласа на референдум за ратификација на предложениот Устав на Европската Унија, прифаќајќи го убедливо, но со мал одзив.
- 13 март - Локални избори во Република Македонија, први по новата територијална поделба.
- 24 март - Соборен е киргистанскиот претседател Аскар Акаев
- 29 мај - Франција, една од основачите на Европската Унија, го отфрла Европскиот Устав
- 1 јуни - Жан-Пол Пруст станува Државен министер (шеф на владата) на Монако.
- 2 јуни - Холандија е втората земја што го отфрла Европскиот Устав.
- 7 јули - Терористички напади во Лондон, Велика Британија. Во јавната превозна мрежа експлодираат 4 бомби, убивајќи преку 50 и ранувајќи од 2,000 луѓе.
- 23 август - Израел го завршува своето повлекување од Појасот Газа
- 26 август - Туркменистан ја напушта Заедницата на независни држави
- 8 октомври - Катастрофален замјотрес во Кашмир, Пакистан. Официјалната цифра на загинати е 87.350 лица, но според некои проценки, бројот на жртвите може да е поголем од 100.000.
- 30 ноември - Тито Петковски ја формира НСДП, како реакција на незадоволството кое подолго време владееше во редовите на СДСМ. Формирањето на оваа партија се смета како еден од главните фактори за поразот на владата на Владо Бучковски во јули 2006 година. На тие избори НСДП освои 6 пратенички места и стана дел од владејачката коалиција.
Родени
Починале
Видете исто:
Questions for article:
|